Јохан Себастијан Бах


               Јохан Себастијан Бах 

Јохан Себастијан Бах (германскиJohann Sebastian BachАјзенах31 март 1685 – Лајпциг28 јули 1750) — прочуен германски композитор и оргулист чии духовни и световни дела за хорови, оркестри и соло инструменти ги сплотуваат речиси сите аспекти на стилот на барокната музика доведувајќи ги до врвна точка на зрелост. Иако нема воведено нови музички форми, Бах го има збогатено германскиот музички стил со робусна, но магична контрапунктна техника, навидум лесна контрола на хармонска и мотивска организација од најмал до најголем размер, и адаптација на странски ритмови и текстури, особено италијански и француски. Бах се смета за еден од најголемите композитори во заради неговата моќна измазнетост на стилот и огромниот опус. Неговите дела се високо ценети за нивната интелектуална длабочина, техничка заповест и уметничка убавина: Некои од неговите најславни дела се: Бранденбуршки концертисвитите и партитите за клавијатура, Мисата во ха-молЖитието на Св. МатејМузички дарУметноста на фугата и голем број кантати, од кои денес се зачувани 220. Подолу можете да чуете еден пример за неговите стилистички карактеристики во хорот Ehre sei Gott in der Höhe од Божиќниот ораториум, напишан во 1734 год., во зрелиот период на неговото творештво.


Јохан Себастијан Бах
Johann Sebastian Bach
Портрет на Бах од Е.Г. Хаусман (1748)
Биографски податоци
Родено имеЈохан Себастијан Бах
Познат и какоБах
Роден31 март 1685
Знаме на Тирингија
Ајзенах Тирингија
Починал28 јули 1750
Знаме на Изборното кнежевство Саксонија
ЛајпцигСаксонија
Жанровибарок
Занимањакомпозитор
оргулист
чембалист

Коментари

Популарни постови са овог блога

Петар Илич Чајковски

Волфганг Амадеус Моцарт

Лудвиг ван Бетовен