Петар Илич Чајковски


Петар Илич Чајковски

Резултат слика за петар илич чајковскиПетар Илич Чајковски (руски: Пётр Ильич Чайкoвский7 мај 1840 (25 април стар стил) – Петроград, 6 ноември 1893 (25 октомври стар стил)) — еден од најголемите руски композитори и симфоничари, кој со своите дела ја одбележа ерата на доцниот романтизам како еден од најсестраните и најплодните.Значаен придонес дал во развојот на рускиот балет.Негови најпознати дела се оперите „Евгениј Онегин“ и „Пикова дама“, а неговуите три балети: „Оревокршачка“, „Лебедово езеро“ и „Заспаната убавица“ се едни од најизведуваните балети на сите времиња. Познато негово дело е и циклусот „Годишните времиња“.По потекло Чајковски е од угледното украинско козачко семејство Чајка. Бил втор син на инженерот по рударство Петар Федорович Чајковски, етнички Украинец, и неговата втора сопруга Александра Андреевна, внука на француски имигрант. Иако музичкото насочување на семејството не било силно изразено, Чајковски на свое барање на 4 години добил часови по клавир. Првата музика која влијаела врз него дошла од еден механички клавир што неговиот татко го донел од Санкт Петербург. Почнал да свири на него, а семејстото било одушевено. Понекогаш тој свирел подобро од неговата учителка. Неговите родители планирале за својот син кариера во владината служба, па Чајковски посетувал правно училиште во Санкт Петербург од 1850 до 1859 година. По завршувањето работел во Министерството за правосудство, а часови по клавир земал кај пијанистот Рудолф Кундингер, кој емигрирал во Русија.Потоа студирал на петроградскиот Конзерваториум. Во 1862 година Чајковски влегол во новоотворениот конзерваториум на Антон Рубинштајн во Санкт Петербург, а некој месец подоцна се префрлил на конзерваторииумот во Москва и се преселил кај братот на Антон Рубинштајн, Николај. Предавал хармонија и пишувал музички критики. Материјалната независност и престојот во странство му ги овозможила неговата меценатка Надежда фон Мек, а нивното допишување било важен извор на податоци за творечката работа и естетските погледи на Чајковски. Настапувал и како диригент на сопствените дела низ целото Руско царство, потоа низ Европа и САД.Во своите последни години ги компонирал своите најпознати опери „Девојка Орлеанска“, „Мазепа“ и „Евгениј Онегин“. Помеѓу останатите негови познати дела спаѓаат „Капричо Италија“, „Концерт за клавир и оркестар бр. 2 во Г- дур, опус 44“, „Концертна фантазија за клавир и оркестар“ и „Манфред симфонија“. Повторен финансиски подем композиторот доживеал во 1884, а во 1887 година го открил својот талент како диригент. Следат концертни турнеи низ цела Европа. Во 1891 имал концертна турнеја во Њујорк, Филаделфија и Балтимор.Од 1888 настанале неговите последни познати дела: балетот „Трнорушка“, „Хамлет увертира“, „Пикова дама“, „Петта симфонија во е- мол, опус 64“ и балетот „Оревокршачка“. Во годината на својата смрт (1893) ги компонирал недовршениот „Концерт за клавир и оркестар во Ес- дур“ и „Шеста симфонија во х- мол „Патетична“, опус 72“.Чајковски починал ненадејно, на 53- годишна возраст, а неколку дена претходно ја диригирал „Патетична симфонија“. Причините за смртта до денес не се разјаснети. Според наводите на неговиот брат Модест, Чајковски се заразил од колера која пустошела низ Санкт Петербург
Петар Чајковски
Tchaikovsky.jpg
Петар Чајковски
Пуно имеПетар Иљич Чајковски
Датум рођења7. мај 1840.
Место рођењаВоткинск
 Руска Империја
Датум смрти6. новембар 1893. (53 год.)
Место смртиСанкт Петербург
 Руска Империја
ДелаЛабудово језеро
Крцко Орашчић
Евгеније Оњегин
Словенски марш

Коментари

Популарни постови са овог блога

Волфганг Амадеус Моцарт

Лудвиг ван Бетовен